Ахмети имаше сребда со амбасадорот на Шпанија: ДУИ го достави предлог-законот за албанскиот јазик

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денес во Тетово се сретна со Амбасадорот на Шпанија во Македонија, г.Рамон Абароа Каранза.
 
Ахмети и Амбасадорот Каранза разменија мислења околу политичките случувања во земјата како и создадената ситуација по изборите на 11 декември.
 
Ахмети се осврна на политичкиот напредок до изборите од минатата година кои произведоа резултати кои создадоа внатрешнопартиска дебата за петте можни опции на ДУИ.
 
Но, ДУИ нема да брза во однос на донесување одлука без анализа и без да биде сигурна дека тоа е правилна одлука која ќе и служи на граѓаните и на очекувањата на нашите гласачи, но и на стабилноста и безбедноста на земјата.
 
Ахмети истакна дека предлог законот подготвен за албанскиот јазик, подготвен од албанците веќе е доставен и заедно со другите спорови претставува предуслов за некој евентуален договор, но моментално, договор нема.
 
Ахмети и Амбасадорот на Шпанија исто така зборуваа за владеење на правото, евро-атланската интеграција како и заедничката изјава на албанските политички партии кои претставуваат и столб на определбите на ДУИ во овие разговори.
 

 

 

17.02.2017 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа