Банкомат му ја „проголтал“ целата плата на белграѓанец, а во банка му го кажале ова

Кога апартатот ќе ги „проголта“ парите, износот мора веднаш да се врати. 

Кога кон крајот на септември, банкомат му ги земал тешко заработените пари, белграѓанецот Б.Т. не ни сонувал дека на својата месечна плата мора да чека полни 180 дена.

Толкав рок, имено, банката му навела како максимум за решавање на неговата рекламација, и тоа кога по 11 дена се јавил да праша каде се неговите пари. А, грешката била на банкоматот, не негова, кој при подигнувањето на кешот ја вратил само картицата, не исплаќајки му ниту денар.

-Врз основа на законот за заштита на корисници на финансиски услуги, банката е должна да одговори на приговорот на корисникот во рок од 15 дена. Укажуваме дека е вообичаено со договор меѓу банката и корисникот да биде регулиран максималниот дневен лимит кој може да се подигне од банкомат - навеле од Народна банка во Србија.

Тоа значи дека овој клиент требало да биде обештетен уште во септември, 15 дена од датумот на поднесување рекламација во банка, но тоа секако не се случило.

 

 

 

18.10.2017 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа