Денеска краен рокот за потпис на Иванов на ребалансот на буџетот

Денеска е крајниот рок до кога претседателот Ѓорге Иванов треба да го потпише ребалансот на буџетот, кој веќе шести ден е во неговиот Кабинет.

Иванов е на годишен одмор надвор од земјата.

-Очекуваме претседателот Иванов да го потпише указот за ребалансот на буџетот.  Откако ќе го потпише законот, тој излегува во “Службен весник” по што стапува во сила. Законите се објавуваат најдоцна во рок од 7 дена од денот на нивното донесување. Овие седум дена за ребалансот истекуваат в недела, велат од Министерството за финансии.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека доколку Иванов го пропушти рокот, треба на писмено да го извести Собранието за причините зошто не ставил потпис на ребалансот.

ТВ24 повикувајќи се на информации од собраниските служби објави дека законот ќе биде потпишан во рокот, бидејќи Иванов денеска се враќа. Ова го потврдил и неговиот портпарол.

Ребалансот на буџет во Собранието беше усвоен во неделата, а Иванов има рок од седум дена да го одобри.

 

 

 

13.08.2017 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа