Десет од 11 дена од 2018. биле со три пати над дозволените пм 10 честици во воздухот

Секој ден од почетокот на годинава, жителите на Скопје дишеле загаден воздух. Ова го покажува анализата на Министерството за животна средина, а мерењата утврдиле дека загаденоста со ПМ 10 е три пати поголема од предвидената па Министерството за животна активираше мерки за намалување на аерозагадувањето.

Како што јавува Сител, изминатиот период тие се применуваа три пати, но претставниците на граѓанскиот сектор сметаат дека не даваат резултати.

Загаден воздух дишеле и жителите на Битола, Куманово, Кавадарци, Тетово. 

 

 

 

11.01.2018 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа