Детали за сообраќајката кај Гостивар, повредено едно лице

Триесет и едно годишниот В.З. од Желино се здобил со тешки повреди, фрактура на три прсти на раката, во сообраќајка несреќа која синоќа околу 19 часот и 10 минути се случила на патот Гостивар-Кичево, кај исклучокот за Гостивар.

Од полицијата за Курир велат дека несреќата се случила меѓу автомобил „Шкода октавија“ со која управувал скопјанецот 35- годишниот С.С и мотор Кавасаки без таблички управуван од повредениот В.З.

Мотоциклистот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар каде му се биле констатирани тешки повреди, фрактура на три прсти на раката, и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

 

 

 

13.08.2017 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа