Голем терористички напад, мртви на сите страни

Најмалку 72 лица загинаа, а над 150 се повредени во самоубиствен напад извршен во преполна џамија во јужниот дел на Пакистан, соопшти полицијата.

Напаѓачот го активирал експлозивот за време на религиозен ритуал во дел од храмот каде се наоѓаат само жени. Одговорноста за нападот ја преземала џихадистичката група Исламска држава.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф веднаш го осуди нападот во градот Сехван, во провинцијата Синд.

- Досега 72 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени, изјави началникот на полицијата во Синд, А. Д. Каваџа, додавајќи дека голем број од повредените се наоѓаат во критична состојба и ќе бидат префрлени во Карачи со хеликоптери и авион С-130.

Овој напад, кој е извршен во џамијата Лал Шахбаз Каландар, е најголем во серијата бомбашки напади извршени оваа недела во Пакистан.

 

 

 

16.02.2017 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа