И тоа е можно - Американската влада блокирана

Владата на САД е во финансиска блокада откако ноќеска Демократите и Републиканците не успеаја да се договорат околу имиграцијата и потрошувачката.

Двата дома на Американскиот Конгрес не постигнаа договор за усвојување предлог за финансирање на федералната влада во Вашингтон, дојде до финансиска блокада.
Со блокадата,сепак,нема да престане финансирањето на сите агенции,програми и услуги,финансирани од федералната влада. Вработените во министерствата и агенциите кои не се од витално значење ќе престанат да доаѓаат на работа , се додека не се создадат услови Конгресот да го усвои законот за федерално буџетирање.

Kongres SAD
Ваквата состојба не е вообичаена во САД , иако од 1981 се случувала 12 пати. Единствено варирало времетраењето на блокадите. Најдолго траела во време на мандатот на Бил Клинтон -21 ден и тоа од декември 1995 до јануари 1996 година.

Последен пат Федералната Влада била блокирана во 2013 за време на мандатот на Барак Обама.

 

 

 

20.01.2018 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа