Имала скоро 500 килограми, ослабела 200 ,но денеска починала и тоа поради ова

Египќанката тешка 500 килограми, која се сметаше не само за најдебела во татковината туку и во светот, умре во понеделникот наутро од срцеви тегоби и престанок на работењето на бубрезите, објави болницата во Абу Даби, каде што се лекувала. 

За пациентката се грижеле повеќе од 20 лекари откако од Индија пристигнала во Обединетите Арапски Емирати, објави болницата „Бурџил хоспитал“.

Еман Ахмед Абд Ел Ати тежела речиси половина тон кога пристигнала од Мумбај во Емиратите за да се лекува од елефантијаза, болест што поради затнување на лимфните садови предизвикува здебелување на екстремитетите и на другите делови на телото. Се јавува без симптоми, а поради проблеми со лимфната циркулација и многу тешко се лекува. 

Благодарение на посебниот режим на исхрана и баријатриската хирургија, за три месеци изгубила 323 килограми.

Животната приказна на таа жена од Александрија, која 25 години не можела да излезе од својот дом, го обиколи светот и го трогна индискиот хирург, кој тогаш предложи дека наесен ќе ја оперира.

Тогаш беа собрани средства за операцијата и Еман беше пренесена во болница.

Поради тежината Еман Ахмед Абд Ел Ати доживеала срцев и мозочен удар, боледувала од дијабетес, зголемен крвен притисок, белодробна емболија и од несоница.

Хируршкото лекување на преголема дебелина е сè почесто во Индија.

Официјално најдебела жена на светот е Американката Полина Потер, која во јули тежеше 293 килограми, а е запишана во Гинисовата книга на рекорди.

Целата операција на транспортирање, во најмала рака, била многу комплицирана. За почеток, за превоз на оваа жена неопходен бил авион. Откако нашле авион, се појавил нов проблем, како да ја транспортираат до авионот? Кран бил единствено решение. Но, транспортот на жена што боледува од белодробна емболија морало да биде многу бавен, за да стигне Еман безбедно до авионот. По организирање на транспортот, кој траел со часови, Еман пристигнала во Индија.

 

 

 

25.09.2017 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа