Изградба на нова фабрика во Македонија- до крајот на годината нови вработувања

Уште една компанија од ланецот добавувачи на фабриките во зоните отвара свој капацитет во Македонија.

Чагатај Кабло е турска компанија чии кабли се инсталираат во возила на брендови како Мерцедес - и  Ван Хул.

Токму за белгиските автобуси ќе биде намененет најголем дел од производството во фабриката која треба да почне да се гради во јули.

Инвестицијата е проценета на 6 милиони евра и ќе овозможи 200 директни вработувања.

Освен оваа компанија, за потребите на Ван Хул во земјава фабрика за седишта отвори и германската Кил, додека шасиите ги прави домашната Актива.

 

 

 

19.05.2017 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа