Излегол од соблекувална и се запрепастил - хорор во сендвичара во Скопје

Во 01 часот и 30 минути во Скопје, во сендвичара на улицата „Московска“ непознат сторител извршил разбојничка кражба. Додека вработениот се пресоблекувал во помошната просторија, слушнал тропање, по што влегол во локалот и забележал непознато лице како вади 1.000 денари од касата. Истиот му рекол да застане затоа што ќе повика полиција, но сторителот го фатил за раката и сериозно му се заканил по животот, по што го турнал и со трчање избегал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

19.05.2017 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа