Катимерини: Заев нема причина да се грижи за можната бугарска блокада на преговорите со ЕУ

„Република С. Македонија и Албанија се надеваат дека ќе добијат официјален датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на годината. Минатата година францускиот претседател Емануел Макрон го суспендираше процесот, но подоцна го укина ветото, откако Европската комисија воведе построга и реверзибилна процедура за пристапување во ЕУ за исполнување на условите поставени од Париз“, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Во меѓувреме, Преспанскиот договор ја отстрани грчката пречка, но премиерот Зоран Заев сега се соочува со друга пречка на патот на неговата земја до толку посакуваниот датум за почеток на преговорите: договорот со Бугарија.

 

„Иако Бугарија беше прва што ја призна новосоздадената балканска држава во 1991 година под уставното име, Република Македонија и дека Заев и неговиот бугарски колега потпишаа договор за пријателство во 2017 година дизајниран да ги реши нивните историски разлики, Софија сега се заканува да ги блокира разговорите за пристапување на Скопје во Европската унија“, стои во текстот.

Според нивниот осврт, ова лето, Бугарија издала документ под наслов „Објаснувачки меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во врска со процесот на проширување, пристапување и стабилизација на ЕУ“, што им го презентирала на владите на 26 земји-членки. Документот ја појаснува позицијата на Бугарија за многу историски спорови со РС Македонија.

„Кои се главните проблеми? Еден е јазикот што тие (Бугарите) никогаш не го признале како „македонски“, сметајќи го како дијалект на бугарскиот. Тие исто така веруваат дека идентитетот на Словените во Северна Македонија е всушност бугарски“, пишува „Катемирини“.

Во светло на претстојните парламентарни избори напролет, дел од политичката класа, предводена од вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов (и со поддршка на некои историчари), го оспорува договорот со С. Македонија.

„Заев работи на изнаоѓање компромисно решение за историските разлики за да не се нарушат односите меѓу двете пријателски земји, но длабоко во себе нема причина да се грижи за можната бугарска блокада на патот на неговата земја кон ЕУ. За Европејците и Американците, договорот меѓу Бугарија и С. Македонија и Договорот од Преспа се двата клучни столба што ги одржуваат мирот и стабилноста на Балканот“, смета грчкиот весник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега