Kога во Скопје ќе падне првиот снег?

Есента веќе одамна пристигна во Македонија, а по дождот кој деновиве врне најавен и е првиот снег во Скопје.

На accuweather веќе најавија дека првиот снег во Скопје може да се очекува во претпоследната и последната недела од годината. До тогаш услови за снег нема да има а високите температури врнежите ќе ги ограничат само на дожд. Снегот на планините се најавува уште од овој четврток.

Секако ова е подложно на промени бидејќи има доста време до тогаш, но не ретко знаат и точно да погодат.

 

 

 

 

14.11.2017 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа