Косовската полиција знае кој го купил автомобилот од кој е пукано во Ивановиќ

Косовската полиција тврди дека го идентификувала лицето кое во 2017 година го купило автомобилот од каде, како што се верува, е пукано во Оливер Ивановиќ, лидерот на партијата „Србија, демократија, правда“.

Во соопштението на косовската полиција е наведено дека возилото било во Србија од 2009 година, а во 2017 година е продадено на друго лице.

Претставникот на полицијата Владимир Ребиќ, претходно потврди дека запленетиот автомобил, од каде, како што се верува е пукано во Ивановиќ, му припаѓал на Србин од Австрија, кој починал, а потоа возилото е повеќепати продадено.

 

 

 

19.01.2018 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа