Лукас: Останав на улица, имав една куќа, сега немам ниедна

Популарниот Аца Лукас се пошегува на сопствена сметка. Имено, за време на снимањето на една од емисиите од новата сезона на „Гранд-ѕвезди“, Лукас ѝ се обрати на една од кандидатките, чие презиме е Стокуќа, со зборовите.

– Блазе си ти, ти имаш сто куќи. Јас имав една, а сега немам ниедна!

Дали притоа мислел на луксузната вила што им ја остави на бившата сопруга Соња Вуксановиќ и нивната ќерка Викторија, или, пак, на распадниот дом поради разводот, не разјасни докрај.

 

 

 

18.10.2017 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа