Манчевски: Одговорноста за ширењето на ковид-19 е кај сите, особено кај Наќе Чулев

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, рече дека одговорноста за ширењето на коронавирусот во земјава е кај сите, кај неодговорните граѓани, кај неодговорни верски заедници, а особено кај министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Особено одговорен е министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој реши дека нема да казнува за непочитување на мерките за заштита. Да имавме функционално Собрание, Чулев одамна ќе беше сменет и тоа е уште една причини зошто треба да има избори“, нагласи Манчевски.

Според него, Владата предводена од СДСМ не тера политика со болеста, а одржувањето на изборите е неопходно, бидејќи системот на техничка влада е неодржлив.

„Таа е состојбата, тие се бројките, а од друга страна Мицкоски до вчера беше загрижен за здравјето на граѓаните, а сега ги повикува да излезат на гласање. Тој се соочи со реалноста, се соочи дека не може повеќе да бега од избори и изнајдовме сили да заврши оваа неиздржлива политичка голгота“, рече Манчевски.

Тој изрази големо разочарување од претседателот на ДИК Оливер Дерковски, кој со несвикување на состанок на ДИК го прекрши изборниот закон и запраша кој сега треба да му поднесе кривична пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега