Маричиќ: КПД Штип е пример како треба постојано да се унапредуваат условите и третманот на затворениците

Казнено поправниот дом – Штип е пример како треба постојано да се унапредуваат условите и третманот на затворениците и како општеството може да помогне во нивната рехабилитација и ресоцијализација, изјави по посетата на КПД Штип денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Во однос на условите од пред три и пол години и каде е оваа установа денеска, Маричиќ посочи дека има голема разлика, и тоа не само во инфраструктурата, туку и во техничките услови и третманот на осудените лица.

– Ова е КПД, кој што прв во Југоисточна Европа има детско катче, во кое се предвидени редовни посети на децата на осудениет лица, кои што може да комуницираат со своите родители во еден нормален амбиент. Тоа детско катче е многу важно за нивниот психолошки и емоционален развој, но и за рехабилитација и ресоцијализација на затворениците. Тоа е направено со заеднички напори на КПД Штип и Советот на Европа и ЕУ, изјави Маричиќ.

Во рамки на КПД Штип, рече Маричиќ, е направена и нова библиотека, која служи и како училница.

– Таму редовно се посетува настава на осуденици кои се заинтересирани да го докомплетираат своето образование. Има и можности за стручно усовршување на одредени занаети, како заварувачи и готвачи. Нешто што може практично да им помогне во процесот на рехабилитација и после престојот тука да може да најдат работа, изјави Маричиќ.

Во однос на состојбата со КОВИД-19 во КПД Штип, Маричиќ рече дека се постапува по утврдените протоколи и нема ниту еден заболен затвореник, освен двајца вработени, кои не одат на работа.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодорв истакна дека направени се големи промени во оваа институција,а за подршката за реконструкција и санација на одредени делови се заблагодари и на Министерството за правада и на Управат за извршување на санкции. Покрај детското катче за децата на опсудените лица, годинава какошто вели од рунинирана просторија  направиле Библиотека.

-Досега имавме неколку проекти во соработка со УНДП и Управата за извршување на санкции, преку Амбасадата на Швајцарија, каде имаше стручно усовршување по занимање на осудени лица, а на истите им беа доделени сертификати по занимање, за завршени бравари и аргон заварувачи. Во моментов Министерот при увидот, виде дека во училниците се одржува и тестирање на осудени лица, вели Тодоров.

Неколку дена се тестираат 48 осудени лица, преку Министерството за образование и УНДП со цел да завршат основно образование, а вакво тестирање се прави по подолго време, вели Тодоров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа