Маж од Монтреал измамил полицајци - направил автомобил од снег, а тие тргнале да му напишат казна

Триесет и три годишниот Симон Лаприсе, уметник од Монтреал изработил копија на автомобил од снег, за што му требале 4 часа, а потоа седел и уживал во глетката на збунетите комуналци кои го чистеле снегот наоколу, освен на паркинг местото каде што стоела неговата снежна креација.

nasamario-policiju (2)

Бидејќи шеговитиот Лаприсе на креацијата додал и вистински бришачи, луѓето верувале дека станува збор за автомобил прекриен со снег. Лаприсе подоцна на својот Фејсбук профил ги објавил фотографиите, а признал и дека немал намера да ги измами полицајците.

nasamario-policiju (3)

Имено, по пријавата на комуналците, полицајците брзо пристигнале до „возилото“ паркирано на зоната наменета само за возила кои чистата снег, па се обиделе да му предадат казна на сопственикот на „возилото“.

nasamario-policiju (4)

Откако сфатиле дека човекот од спротива е креатор на ова дело, му оставиле порака со благодарност дека им ја разубавил вечерта.

 

 

 

21.01.2018 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа