Мијалков за Press24: Се откажувам од дипломатскиот пасош - продолжувам да се борам за интересите на Македонија и македонскиот народ

„Дипломатската патна исправа, која согласно закон и дискреционо право на Министерот ми беше доделена од МНР се уште не сум ја подигнал ниту употребил. “   - Поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков во изјава за Press24 дели дека СДСМ го става фокусот на црна кампања бидејќи нема што друго да им понуди на граѓаните

„Во недостиг на идеи и поддршка од граѓаните, сосема е очекувано, СДСМ преку нивните медиуми фокусот да го стави на црна кампања и напади на лична основа со обиди за дискредитација. “ – вели Мијалков.

 

„За да им се одземе и ова последно оружје и да излезе на виделина нивната безидејност, одлучив воопшто да не ја подигнувам дипломатската патна исправа и да се откажам од неа.
Останувам и продолжувам да се борам за интересите на Македонија и македонскиот народ. Не сум потклекнал пред многу посериозни притисоци и закани па нема ни сега.
Убеден сум дека граѓаните во април јасно ќе им порачаат на СДСМ што мислат за нивната деструктивност исто како што им порачуваа изминативе 10 години“ – дециден е поранешниот шеф на ДБК во својата изјава за Press24

 

 

Оцени ја веста

06.10.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа