Најбрзиот човек на светот загина во хеликоптерска несреќа

Чарлс Барнет III , човекот кој го држи светскиот рекорд во специјално конструирани автомобили , заедно со лидерот на опозицијата на Зимбабве и други три лица загинаа во хеликоптерска несреќа.

Несреќата се случила во Њу Мексико , кога групата пријатели летале кон ранч во оваа Американска држава.

Британецот Барнет и е познат на светската јавност како инвеститор и контруктор на најбрзиот автомобил на парен погон на светот , со кој во 2009 во пустината Мохаве во Калифорнија го урна светскиот рекорд стар над 100 години .

Во хеликоптерската несреќа загина и лидерот на опозицијата на Зимбабве , Рој Бенет и неговата сопруга , како и пилотот и копилотот .

Страшната несреќа ја преживеа Андреа Коб , која била во долгогодишна љубовна врска со 61 – годишниот Барнет , а воедно и ќерка на загинатиот копилот Пол  Коб.

Несреќата завчера вечер на дежурната служба и ја пријавила Андреа Коб , која е сериозно повредена , но е надвор од животна опасност. 

 

 

 

 

20.01.2018 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа