Ново изненадување од ВИП за корисниците

Вип со големо задоволство најавува збогатување на своето  портфолио во фиксните услуги и го воведува пакетот Vip Combo Box со кој корисниците го добиваат најдоброто решение за пристап до брз интернет и фиксна линија  дури и во најоддалечените места во Македонија.

Со новиот Vip Combo Box, корисниците добиваат уред кој e лесен за користење и има едноставна инсталација, уредот станува функционален со едноставно приклучување во струја.   

Дополнително со Vip Combo Box корисниците ја имаат можноста да изберат меѓу пакетите со две, три или четири услуги и да уживаат во неограничен интернет и неограничени разговори во фиксна и мобилна телефонија и во до 50 ТВ канали по најатрактивни цени на пазарот.

“Vip Combo Box е совршен избор за сите корисници кои сакаат брз интернет и фиксна телефонија за својот дом и за сите оние кои летните денови ги поминуваат во викендички, дури и за оние кои имаат потреба од брз интернет на своето работно место. Со Vip Combo Box интернет е достапен не само во урбаните , туку и во руралните средини, а едноставниот начин на приклучување и користење го прави овој производ уште поатрактивен. Ние во Вип секогаш им нудиме повеќе на нашите корисници, а со нашиот Vip Combo Box ги исполнуваме барањата и потребите на корисниците за слободна и неограничена комуникација по најдобра цена “, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

За месечна претплата од 499 денари корисниците го добиваат Vip Combo Box 2со неограничен брз интернети можност за фиксен телефон. Со Vip Combo Box 3 за месечна претплата од 799 денари корисниците добиваат неограничен брз интернет, неограничени раговори кон сите фиксни национални мрежи и телевизија со до 50 ТВ канали. Со Vip Combo Box 4 корисниците ја добиваат можноста да искомбинираат четири услуги и да добијат дополнителен попуст!

 

За повеќе информации јавете се на 077 1234 или прочитајте на www.vip.mk .

 

 

 

19.05.2017 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа