Ова се новите цени на горивата кои важат од полноќ

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и на еуродизелот останува иста, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 се зголемува за половина денар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика, две недели по последната корекција на нафтените деривати.

Согласно новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 64 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 ден/кг и тој ќе се купува по цена од 23,993 ден/кг.

Регулаторната комисија за енергетика информира дека со новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,25 проценти во однос на рафинериските и малопродажните цени утврдени на 8 август. 

 

 

 

22.08.2017 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа