По 28 години Гази Баба доби нова детска градинка - градоначалникот Трајковски даде отчет за сработеното

Сакам да им се заблагодарам на граѓаните на општина Гази Баба за континуираната поддршка која ја добивам. Затоа денес ќе да дадам отчет за досегашните реализирани проекти во општина Гази Баба.

            На почетокот сакам да потенцирам два капитални проекти кои ги реализиравме  на територија на општина Гази Баба, а  кои се градат после голем временски период односно,

-      

После 28 години во општина Гази Баба се изгради нова детска градинка „Морковче“, каде децата  веќе се згрижуваат.

-      

После 48 години се започна со изградба на ново ОУ „Григор Прличев“ во нас. Железара, кое за 18 месеци ке биде пуштено во употреба.

            Продолживме со изградба на фекалната канализација во Стајковци, каде  комплетно се заврши примарната мрежа во должина од 7км, која ја градевме во соработка со Владата на РМ, а во соработка со граѓаните се изгради 12км секундарна канализација,  односно околу 98 % од жителите добија фекална канализација.

            Се изгради фекална канализација во неколку населени места:

-      

на крак на ул.18 во н.м. Инџиково во должина од 200 м, 

-      

за дел од жителите во населбата Керамидница во должина од 150 м и

-      

во Тумба Маџари во должина од 2,1 км, а во тек е реализација  на фекална канализација за н.м. Гоце Делчев и Трубарево и Јурумлери

            Се изгради таложник кај резервоарот во с. Раштак и водоводна мрежа со должина од 1,2 км,  со што се обезбеди поквалитетна вода за пиење. Во соработка со ЈП Водовод и канализација во тек е замена на 5,5 км водоводна мрежа во н.м. Стајковци каде досега се заменија 4км.

            Санирани се улици во населено место Брњарци, Трубарево, Тумба Маџари, Керамидница, Стајковци и Јурумлери,  со поставување на гребен асфалт или тампон.

            Направена е санација на пешачка патека од ул. К. Металец кон здрвствениот дом Железара. Изградена е  пешачка патека кај црквата во с. Смилковци.

            Започнавме со изградба на инфраструктурата во новата населба Хиподром 2.

            Се асфалтираше улицата која ги спојува улиците Сречко Пужалка и М.А. Ченто и се започна со уредување на новиот парк во н.Ченто со поставување на пешачки патеки , осветлување и поставување на детско игралиште.

            Во соработка со Агенцијата за државни патишта во тек е санација и проширување на локалниот пат Црешево- Стајковци.

            Во н. Маџари се асфалтираше улицата кај железничката станица, исто така се асфалтираше и улица пред градинката во Јурумлери.

            Се работеше и на подобрување на условите во училиштата, односно во секое училиште имаше одредени активности со кои во голема мерка се подобрија условите за учење. Ја завршивме последната фаза од замената на покривот на ОУ Дане Крапчев, а  во соработка со Владта на РМ  се замени  покривот на ОУ 25 Мај во Ченто и се санираа санитарните јазли, а во следниот период ќе се заменат прозорците и ќе се направи санација на подовите. Исто така, во ова ОУ се  изгради пристапна патека за учениците  и се замени дел од оградата со нова ограда.  Во завршна фаза е реконструкцијата на ОУ во Раштак.Во соработка со USAID се изгради пристапна патека во ОУ Крсте Мисирков

            За најталентираните ученици и учениците спортисти доделивме 22 стипендии. Успешно се реализираат спортските активности во училишните лиги. Оваа година за 1000 ученици вклучени во спортските училишни лиги, обезбедивме нова спортска опрема и спортски реквизити кои ќе ги користат во спортските натпревари.

            Во соработка со агенцијата за млади и спорт во тек е изградба на ново повеќенаменско игралиште во Триангла и го асфалтиравме  мултифункционалното  игралиште во населба Керамидница и игралиштето за баскет во Колонија.

            Во соработка со МТСП реализиравме неколку проекти - го пуштивме во употреба центарот за згрижување на лица жртви на семејно насилсто, а  во завршна фаза е санацијата  на киното Маџари со што ќе се направи простор за дневен центар за стари лица, народна кујна и простор за месна заедница.

            Се отвори пензионерски клуб во Јурумлери.

            Во соработка со ЈСП се пушти нова автобуска линија бр.43 од Транспортен центар до Ченто и се започна со замена на старите настрешници за автобуските постојки со нови.

            Се доопреми ЈКП Гази Баба со едно мултифункционално возило, со кое може да се врши пренос на товар и работници и еден трактор за косење и чистење на снегот.

            Во соработка со ЈП Водостопанство Скопско Поле се работеше на расчистување на каналската мрежа во должина од 19км, се расчистија каналите  Русков и Топлик во Трубарево, канали во Ченто, во Инџиково, Сингелиќ и Црешево.

            Се уреди простор во с. Раштак кој ќе може да се користи како планинарско рекреативна патека со поставување на летниковци, клупи, канти за отпадоци и соодветни патокази. А во соработка со Град Скопје се реконструира трим патеката во парк шумата Гази Баба.

            Успешно се  реализираа  проекти од програмата за култура - Големата Мајка на локалитетот Тумба Маџари, ликовна колонија Виниче, во чест на св Кирил и Методиј, Етно денови во Гази Баба, Петровденски чествувања во Јурумлери, меѓународниот фолклорен фестивал, концерт на забавна, народна и сериозна музика, како и концерт на детски песни.

            Го отворивме центарот за кариера во н.Железара и го конституиравме Локалниот економски социјален совет на општина Гази Баба.

            Организиравме бесплатни обуки за англиски јазик и компјутери, како и работилници за претприемништво, волонтерство, подобрување на вештините кај младите лица, жена претприемач, фармер претприемач, автентична ракотворба и сл.

            Потпишавме меморандум за соработка со Општината Газиантеп од Р. Турција и како резултат на таа соработка не посети  делегација на стопанственици од Газиантеп кои  беа запознати за можностите што ги нуди општина Гази Баба за привлекување на инвестиции.

            Деновиве ќе го добиеме и сертификатот за квалитет ИСО 9001-2008

            Се изработи нова Стратегија за локален економски развој со подстратегија за рурален развој за периодот 2013 - 2017г. а во тек е постапката за изработка на Стратегија за алтернативен и еко туризам како и изработка на новиот локален еколошки акционен план.

            Во тек е тендерска процедура за изработка на веб портал со три различни сегменти – бизнис каталог, мапа на инвестициски локации и туристички потенцијал.

            Изградивме парк за миленичиња во н. Ченто.

            Само накратко сакам да ги најавам проектите кои планираме да ги реализираме во наредниот период од неколку месеци

            Деновиве треба да се усвојат  од страна на советот програмите и буџетот за следната година,  а како активности за наредните неколку месеци согласно временските услови можам да ги најавам следниве проекти.

1.           

Спремни ја дочавме  зимската сезона  со обезбедени доволни количини на сол и соодветна механизација

2.           

Ќе продолжиме со изградбата на капиталните проекти на фекални канализации, атмосферски канализации како и изградба на водоводни ситеми

3.           

Во соработка со агенцијата за млади и спорт наредниот период треба да се доизгради тениското игралиште во Железара како и доизградба на спортската сала во Ченто

4.           

Ќе се работи и на санација и опремување на детските градинки со набавка на две нови возила за транспорт на храна и комплетно санирање на кујните каде што се подготвува храната

5.           

Во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој ќе работиме на уредување на пристапните патеки во училиштата

6.           

Ќе продолжиме со санација и изградба на патната инфраструктура

7.           

Обезбедување на поголем број на паркинг места како и поставување на соодветна сообраќајна сигнализација.

 

            Правејќи споредба на ветеното и реализираното, евидентно е дека се движиме напред. Остварувајќи го ветеното, чекориме по патот на успехот.  

29.11.2013 - 12:42
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа