Полиција објавила фотогрфаија од невеста на Фејсбук, а таа дури тогаш дознала што се случило

Каила од Викторија, Австралија пред две години правела свадба, а нејзините фотографии завршиле во станот на 19-годишно момче.

Фотографиите се највредните спомени од свадбите.

Каила од Викторија во Австралија своите свадбени фотографии ги разгледувала со задоволство. Но, не знаела дека тие се украдени додека полицијата од Квинсленд не објавила нејзина фотографија на својата Фејсбук страница.

Имено, полицијата ги пронашла фотографиите украдени на УСБ во станот на 19-годишно момче од Логан. На УСБ-то пронашле фотографии од свадбата, но не знаеле кој е на нив.

За да дознаат чии се фотографиите, тргнале во потрага преку Фејсбук објавувајќи фотографија од невестата и двете деверуши.

-Сестра ми живее во Квинсленд и бил ограбен нејзиниот автомобил, па очигледно бил украден и УСБ кабелот на кој биле и моите свадбени фотографии. Таа не забележала додека нејзината сосетка не ѝ рекла дека полицијата нѐ бара преку Фејсбук - раскажала Каила.

Иако има копии од фотографиите од свадбата, Каила сепак е среќна што украдените фотографии биле пронајдени.

 

 

 

21.01.2018 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа