Полициска потера во Велес: Пукале за да застане па со камионот удрил во полицаец

Вчера околу 01,00 часот, во село Оризари, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес во рамки на активности за откривање и спречување на бесправно сечење дрва, се обиделе да сопрат товарно моторно возило натоварено со дрва, управувано од 43- годишен Н.А од село Бузалково.Но истиот на даден знак не застанал и се обидел да избега со возилото, стартувајќи го со голема брзина во правец кон полициските службеници. Истите со намера да го сопрат од огнено оружје испукале неколку истрели во пределот на гумите од возилото, при што Н.А. со возилото удрил во еден од полициските службеници.

Повредениот е пренесен во Медицински центар Велес за укажување на лекарска помош каде му е констатирана телесна повреда, а потоа е пуштен на домашно лекување, додека Н.А. е приведен и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка.

Увид на местото на настанот  извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. 

 

 

 

11.08.2017 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа