Пожарите во Хрватска, закана за куќите и сообраќајот

 

Во текот на минатата ноќ во Далмација, во реонот на Бенковац, избиле 15 пожари, за кои постои сомнеж дека се подметнати.

Активни се уште три пожари, а во гаснењето учествува и војската.

- Дуваат силни ветрови и го отежнуваат гаснењето. Три-четири пожари во подрачјето на Бенковац ги загрозуваат куќите. Утрово добивме помош од воено-воздухопловните сили, па сега гаснењето ќе биде полесно. На помош пристигнаа и околу 17 војници, а наскоро ќе помогнат и пожарникари од другите жупании, изјави главниот командир на пожарникарската служба во Задарската жупанија, Жељко Шоша.

Според него, утринава во гаснењето учествувале четири канадери и четири ер-трактори, кои помогнале да се смири ситуацијата

Повеќе пожари избиле и долж магистралата, а огнот претставува закана за куќите и сообраќајот. Пожарникарски и полициски екипи моментно се наоѓаат на терен, а се претпоставува дека пожарите се подметнати.

 

 

 

21.08.2017 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа