Претседателот на Бугарија во посета на Македонија ќе биде придружуван од двајца владици на БПЦ

Двајца владици на Бугарската православна црква в петок доаѓаат во Скопје, дознава Сител.

Станува збор за Старозагортски митрополит Кипријан, кој е  претседател на синодалната комисија за преговори со МПЦ и Пловдискиот митрополи Николај, кој е член на истата комисија.

Двајцата Ахиереи на БПЦ ќе бидат дел од државната делегација на бугарскиот пртетседател Румен Радев, кој во Македонија доаѓа во официјална посета.

Средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов е закажана за в петок.

Засега нема официјлна потврда дали ќе има и работна средба на комисиите меѓу двете цркви, но сосема извесно е дека бугарските владици ќе се сретнат и со членови на Синодот на Македонската црква.

Веста за посетата на бугарски архиереи пред два дена, во изјава за вугарските медиуми ја најави универзитетскиот професор од Бугарија Калин Јанакиев, оценувајќи ја како значаен чекор во односите меѓу МПЦ и БПЦ.

Минатата недела и Митрополитот Наум во изјава за бугарската агенција БГНЕС, рече дека МПЦ испратила писмо до Патријархот Неофит, во кое бара заедничко сослужување.

Следниот чекор е заедничко сослужение на светата Литургија / Евхаристија / и на тој начин заедно практично да ја исполниме одлуката на БПЦ, со што таа се согласи да биде Црква-мајка на МПЦ-ОА. Ако двете цркви заедно не вршат сослужение на светата Литургија, тогаш каков и договор да има меѓу нив или еднострани дејствија – тие немаат смисла и содржина. Очекуваме овој заеднички чекор многу брзо да се случи. Овие денови испративме писмо до Неговата светост Патријархот Неофит со братски повик за заедничка служба на Светата Литургија, изјави Митрополитот Наум за Бгнес.

 

 

 

14.02.2018 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа