Превртен автобус: најмалку 20 туристи се повредени во сообраќајка во Анталија

Најмалку 20 туристи се повредени при сообраќајна несреќа во јужниот турски округ Анталија, а меѓу нив има и странски државјани, јави БТА.

Минибусот во којшто патувале локални и странски туристи, се превртел на излегување од тунел на автопатот Анталија - Кемер, откако возачот загубил контрола над возилото, поради дожд. Повредените се пренесени в болница.

Засега не се соопштува националноста на повредените странски туристи.

 

 

 

21.08.2017 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа