Родители од градинката во Аеродром потпишувале изјави: Да не се преземаат никакви мерки против воспитувачката

 

Во врска со случајот со градинката „Срничка“ во Аеродром, во кој се обвинува воспитувачка дека истепала дете, со реакција се јавија и 40-тина родители на деца од групата на истата воспитувачка, како и родители на постари деца кои претходно учеле во истата градинка, кај истата воспитувачка - пишува Слободен печат.

 Тие потпишале изјава во која изразуваат задоволство од начинот на кој воспитувачката се грижи, односно се грижела за нивните деца и децидно бараат да не се преземаат никакви активности против неа, додека не се докаже или отфрли било каква вина.

„Јас, долупотпишаната/иот, изјавувам дека учителката во ЈДГОА-Срничка, совесно и посветено се грижи за моето дете, немам никакви забелешки на нејзината досегашна работа и сум задоволна/ен од начинот на кој го воспитува и едуцира моето дете кое и го оставам на чување со доверба. Истовремено, очекувам надлежните институции, процесот во кој е инволвирана таа, да го водат непристрасно и професионално, имајќи ги во предвид интересите и на моето дете, без преземање на активности пред да биде докажана или отфрлена било каква вина“, се наведува во изјавата потпишана од 40- тина родители.

Изјавата е доставена до Министерството за труд и социјална политика (Државен инспекторат за труд), директорот на градинката, како и до градоначалникот на општина Аеродром.

 

 

 

 

 

12.02.2018 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа