Родителите на децата со посебни потреби ја поминаа првата ноќ пред Собрание

Родителите на децата со посебни потреби вчера ги поставија шаторите пред Собранието и ја поминаа првата ноќ под отворено небо. Тие спиеја во Паркот Жена Борец и остануваат таму додека не се исполнат нивните барања целата мака да не ја носат на свои рамена.

Една ноќ под отворено небо, не може да се спореди со маките низ кои поминуваме по 24 часа на ден – велат родителите на децата со посебни потреби за 24 вести.

- „Напорно е, но ќе издржиме, тука сум јас, тука е моето дете, тука сум за него и за другите деца, за да се избориме за барањата на сите деца со посебни потреби“, вели мајка за 24 вести.

Инаку, вчера министерот за труд и социјална политика ги посети родителите во паркот и им вети дека дел од барањата можат да бидат реализирани.

-Како прв човек на Министерството имаат подадена рака од мене. Барањата, оние кошто првично ги видов во делот на законските измени им ветувам дека ќе ги разгледаме и најголем дел од барањата се прифатливи, изјави Ибрахим Ибрахими министер за труд и социјална политика.

Од 20 до 22 секој месец, родители и деца со посебни потреби ќе кампуваат овде се до исполнување на нивните барања. 

 

 

 

21.04.2017 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа