Шилегов: Одлучно и принципиелно кон решавање на проблемите од „Скопје 2014“

 

Ни претстои процес во кој мораме принципиелно, разумно и одлучно да пристапиме кон решавање на проблемите, меѓу другото и од т.н. проект „Скопје 2014“. 

Ова денеска го потенцира скопскиот градоначалник Петре Шилегов на одбележувањето на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје.

На одбележување на празникот, пред Споменикот на ослободителите на Скопје, на платото пред Владата, Шилегов потенцира дека е убава симболиката оваа прослава да биде покрај споменикот кој, како што рече, е подигнат во 1949 година, а направен од материјал на стопените споменици на поранешните владетели на Градот. 

- За да се потсетиме дека Скопје има историја за справување со симболите од своето темно минато, рече Шилегов.

 

 

 

13.11.2017 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа