Синот на покојниот ловец на крокодили го касна змија (ВИДЕО)

16-годишниот Роберт Ирвин, син на покојниот Стив Ирвин сѐ повеќе наликува на својот татко. Тој снима документарна серија за дивите животни.

Викендов Роберт објави снимка на која се гледа змија која го гризна за време на снимање на документарец, а речиси идентична ситуација му се случила и на неговиот татко.

Додека се обидуваше да врати дијамантен питон во дивина, вадејќи го од вреќа, во еден момент таа нападна и го гризна Роберт за лице.

13.07.2020 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега