Средба за правата на Ромите во Прилеп

Тековните проблеми од здравствената и социјалната област и евалуацијата на напредокот во преземените активности на институциите по случаите каде се засегнати Ромите, се теми за кои денеска ќе се дискутира на третата средба на „Ромскиот граѓански парламент“, што ќе се одржи во Прилеп.

„Ромски граѓански парламент“ претставува организирана група од 40 неформални лидери од ромската заедница, кои водат грижа за колективните права на Ромите. 

Организатор на средбата е Здружението РОМА С.О.С. Прилеп.

Според програмата, на средбата предвидено е да се обрати министерот без ресор Неждет Мустафа.

 
 
12.07.2016 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа