Средношколците излегуваат на улица: СДСМ им се заканува на директорите а ДУИ праќа инспекции

Средношколците од цела Македонија, град по град, се дигаат на протести против платформата на Еди Рама, а албанските политички партии вложуваат максимални напори да ги спречат. Според информациите, денеска функционерите на ДУИ во Министерството за образование испратиле инспектори в училиштата каде што средношколците решија да ја бојкотираат наставата во знак на протест против платформата на Еди Рама.
Информацијата за медиумите кои известуваат на албански јазик ја потврдиле и од Министерството.

 

“Му наредивме на Државниот просветен инспекторат, директно на директорката на овој Инспекторат, а врз основа на одговорот кој таа ни го врати, во кој се вели дека сите инспектори се испратени на терен и прават евиденции во сите средни училишта кои дозволија учениците да излезат на улица, ќе се направи записник после кој согласно Законот ќе се преземаат санкции за сите што го прекршуваат Законот“ – изјави Сафет Незири за Алсат-М.

Дека станува збор за координирана акција на СДСМ и ДУИ говори и денешната прес конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. Тој во стилот познат за СДСМ им се закани на директорите на училиштата дека ќе одговараат бидејќи дозволуваат учениците да излезат на протести.

 

“Се обраќаме до директорите, професорите и наставниците, бидејки загрижени родите јавуваат дека има наредба во училиштата, нивните деца утре да се изнесат на националистичките протести на коишто се шири меѓуетничка омраза:

 

Веднаш да престанат притисоците и злоупотребите на деца за партиски цели! Ќе има сериозна одговорност за секој кој ќе прекине настава за да носи деца на протести, со што ја загрозува и нивната безбедност и безбедноста на граѓаните!“ – се закани Шилегов.

Според информациите од СДСМ, на Бихаќка биле во паника од можноста средношколците комплетно да ја бојкотираат наставата и тоа сега пред самиот крај на школската година и затоа, во координација со ДУИ се очекува во наредните денови да се врши дополнителен притисок врз училиштата.

Но дел од учениците со кои разговаравме денеска велат дека за протестите не одлучуваат директорите на училиштата туку тие самите. Велат дека во некои училишта учениците биле заклучувани за да не можат да излезат на протести. Додаваат дека ако директорите се решат на таков чекор, дека тие воопшто нема да доаѓаат ниту до училишните згради туку ќе се собираат пред училиштата и комплетно ќе ја бојкотираат наставата.

Протестите на средношколците почнаа во Прилеп, а потоа се проширија низ цела Македонија. Денеска протестираат и средношколците од Битола и Охрид а во текот на наредните денови се очекува да на нозе да се дигнат сите ученици од средните училишта низ Македонија.

 

 

 

20.03.2017 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа