ЦУК: Еве каква е состојбата на патиштата ширум МакедонијаМакедонија | 7. февруари 2012 - 11:29
Во општина Бутел регионалните патни правци се делумно проодни и сообраќајот се одвива отежнато. Автобусите на ЈСП – „Скопје“ (8, 57,) сообраќаат до крајната станица во нас. Радишани, а бројот 47 што оди до с. Љубанци и с. Љуботен оди само до нас. Радишани. Приватната фирма ангажирана за расчистување на снегот е на терен, моментално врши попесочување и расчистување на овој пат, и се очекува во текот на денот овој локален пат да биде прооден за теренски возила.
Во општина Чучер Сандево, патот што води кон селотото Побожје е прооден. Патниот правец од с. Кучевиште – с.Танушевци (10 км околу 200 жители), Танушевци – Малино (10км живеат околу 200 жители) и Рамно - Брест (12 км живеат околу 200 жители) е не прооден. На истиот има големи наноси од снег и е намалена видливоста заради појава на магла.
Во општина Зелениково, непроодни се патните правци с.Градовци – Тисовица – должина 3 км, живеат 10 жители. Во општина Студеничани, непрооден е патниот правец Д.Количани – Рамни Габер – должина 3 км, живеат 10 жители.
Штипски регион Во општина Македонска Каменица непроодни се патните правци: с.Костин Дол - Штабот -Чобанска маала (2 км. живеат 15 жители) с.Цера - Горно Училиште – Мало Куклите (3 км. живеат 8 жители); с. Саса - рудник Саса Капетанско маало (3 км. живеат 10 жители); с.Саса - Долна Саса – маало Шебовци (3 км. живеат 10 жители).
Велешки регион На територијата на општините Велес и Чашка сите патни правци се проодни, сообраќајот се одвива во зимски услови. ЈП „Македонија пат„ веќе интервенира на патните правци Велес-Скопје, Велес-Градско и Велес-Штип. На територијата на општина Градско, патот кон с. Подлес утрово е исчистен.
Во општина Свети Николе непрооден е патот кон с.Павлешенци во должина од 4 км. Патот е под надлежност на Македонија Пат.
Битолски регион Во општина Прилеп сите магистрални и регионални патни правци се поминати со машина и опесочени. Истите се проодни со остатоци од замрзнат снег.
На планинскиот превој Плетвар сообраќајот се одвива тековно, по влажен коловоз Задолжителна е употреба на зимска опрема за тешки товарни возила.
На патниот правец Прилеп – Македонски Брод, на превојот „Барбарас„ забранет е сообраќај за тешки товарни возила.
Во општина Крушево, регионалните патни правци од Крушево кон Прилеп и Битола се проодни, и сообраќајот се одвива во зимски услови, заради остатоци од снег на коловозите, а се препорачува употреба на зимска опрема. Регионалниот патен правец кон с.Пуста Река, и попатните села Арилево, Горно и Долно Дивјаци е пробиен во текот на викендот и на него сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци од снег на коловозот и потребна е зимска опрема. Патните правци од с.Норово кон с.Селце во должина од 4 км кои бројат 20 жители, и од с.Борино кон с.Белушино во должина од 3 км кои бројат 64 жители. не се проодни.
Кумановски регион Локалните патни правци во општина Куманово кон селата с.Четирце 216 жители -9 км; с.Табановце 910 жители -8,5 км; с. Сопот 318 жители -9,5 км; с.Карабичане 43 жители - 11км; с.Скачковце 166 жители -13 км; с.Новосељане 86 жители -11,5 км: с.Косматац 81 жители - 14 км; с.Мургаѓш 87 жители - 17 км; с.Кшање 83 жители -19 км; с.Пезово 84 жители - 23км; с.Довезенце 167 жители -19,5 км; с.Јачинце 93 жители -17км и с.Бељаковце 45 жители - 23 км во основа се пробиени, механизацијата е на терен и ќе продолжи да работи. Овие патишта се проодни, меѓутоа сообраќајот се одвива во зимски услови.
Во општина Липково, сеуште непрооден е патниот правец кон селата Руница (69 жител, 19 км ) и Алашевце (126 жители, 10 км). Регионалниот пат Куманово – Општина Липково кон с. Матејче е пробиен инаку селото има 3.394 жители.
Во општина Старо Нагоричане, локалните патни правци с.Малотино, -3 км-37 жители; с.Мглинце, -4 км -84 жители; с.Буковљане, -4 км-75 жители; с.Арбанашко(40 жители) до с.Длабочица 7,5 км(51 жители).; с.Бајловце (129 жители)до с,Аљинце -6 км.(38 жители); с.Бајловце до с.Жељувино -5 км.( жители.); с.Орах (113 жители) до с.Дренак -14 км.(54 жители); с.Длабочица,(51 жители); с.Дејловце(44 жители) се непроодни. во текот на денот истите ќе се чистат.
Патот М-2 Ранковце- граничен премин -39км е прооден, со задолжителна употреба на зимска опрема за тешките товарни возила и постојано се чисти.
Регионален пат с.Ранковце-с.Герман -22км е прооден до с.Пклиште, а непроодни се околу 8км. Отсечени се околу 200 лица.
Во општина Крива Паланка, локалниот пат К.Паланка – с.Дренак 19км е прооден до с.Дурачка Река во должина од 12км, а од с.Дурачка Река до с.Дренак е непрооден во должина од 7км. Отсечени 15-20 лица. Непроодниот пат во должина од 7км е земјен пат.
Локалниот пат с.Огут-с.Нерав 9км. е прооден околу 2 км, а непроодни се околу 7км, отсечени се околу 200 лица.
Во општина Кратово, локалниот пат с.Мушко-с.Каврак -8км е непрооден. Чистењето е во тек. Во селата Каврак, Кнежево, Емирица моментално има околу 60 луге.
Струмички регион Патниот правец Смрдлива вода- Ски центар „Кожуф“ се уште е непрооден. Поради врнежи од леден дожд и појава на голомразица, советот на ЕЛС-Гевгелија и Богданци донесе одлука училиштата во овие општини да не работат на ден 7 и 8 февруари, а во општина Дојран од 7 до 10 февруари, 2012 година.
Тетовски регион Сообраќајот на магистралните и регионалните патни правци на териториите на Тетово и Гостивар се одвива забавено и во зимски услови.
На територијата на општина Маврово- Ростуше, локалниот пат Маврово крак с.Галичник не е прооден во должина од 15 км ( во селото престојуваат 2 лица).
Локалниот патен правец од регионалниот пат Маврово - Дебар до с. Видуше – 7 км ( 40 жители) е пробиен но тешко прооден.
Локалниот патен правец од регионалниот пат Маврово - Дебар до с. Врбјане – 7,5 км ( 100 жители) е пробиен во должина од 5,5 км и остануваат да се ичистат уште 2 км.
Локалниот патен правец од регионалниот пат Маврово - Дебар до с. Нистрово – 6 км ( 40 жители) е пробиен до 500 метри до селото.
На територијата на општина Гостивар патот помеѓу селата Долна и Горна Ѓоновица ( 3км) е пробиен, но тешко прооден.
Локалниот патен правец с. Чегране – с. Корито – 14 км е во фаза на чистење и собраќајот по истиот се одвива во зимски услови.
Охридски регион Во општина Дебар сите пратни правци се проодни и сообраќајот се одвива во зимски услови
Во општина Македонски Брод патните правци Мала Река – с.Долно Ботушје – с.Горно Ботушје (живеат околу 40 жители), с.Сушица (живеат 4 жители), с.Самоков – с.Бенче (живеат 35 жители) и ОУ во Манастирец – с.Василковци – Томино Село (живеат 40 жители) се непроодни.
Во општина Струга патниот правец с. Мислодежда до Централа (Присовјани, Збажди,Ржаново, Локов, Буринец, Селци во кои живеат околу 15 жители) не е исчистен. Патниот правец Вишни-Г.Белица (во Г.Белица нема жители со постојан пристој) не е исчистен. Овој патен правец е во надлежност на локалната самоуправа и е од трет приоритет според програмата на општина Струга и ќе се чисти во наредниот период.
Регионалниот пат за Дебар до селата Модрич и Дренок (живеат околу 30 жители во двете села.) не е исчистен. Овој патен правец е во надлежност на локалната самоуправа и е од трет приоритет според програмата на општина Струга и ќе се чисти во наредниот период
Во општините Кичево, Другово и Зајас сите магистрални регионални и локални патни правци се проодни за сообраќај во зимски услови а на повисоките места и зимска опрема. Непрооден е само патот за с. Кладник - општина Другово (живеат околу 20 жители).
Коментари |
Популарна содржинаДенеска:
Од почеток |
Остави коментар