За дел од учениците продолжен зимски распуст - во Скопје со скратени часови

Македонија | 7. февруари 2012 - 11:35
Поради снежните врнежи и ниските температури, општинските власти во некои локални самоуправи ја прекинаа наставата а некаде ги скратија часовите

 

Наставата е прекинатата или се одвива со скратени часови во околу 25 општини во Македонија, информираат од Центарот со управување со кризи.

На територијата на општина Бутел сите основни училишта работат, а часовите се скратени по 10 минути.

Во општина Чучер Сандево Централното основно училиште „Михаил Грамено“ што ги покрива селата Танушевци, Малино и Брест не работи. О.У. „Александар Урдаревски“ во село Сандево не работи. О.У. „Кирил и Методиј“ во село Кучевиште и село Побожје не работи.

Во општините Ѓорче Петров и Карпош наставата во училиштатa започнува со еден час задоцнување а училишните часови се скратени по 5 минути.

На територијата на општина Центар наставата во училиштата започнува од 09:00 часот а часовите се скратени и траат по 30 минути.

Советот на Општина Сарај донел одлука училиштата од 7-ми година до 10-ти година да не работат.

Во општина Студеничани основното училиште во село Батинци нема да работи до петок 10-ти февруари.

Во општина Сопиште наредните два дена нема да работат Основните училишта во селата Држилово, Добри Дол и Патишка река.

Во општина Кисела Вода во Основните училишта часовите се скратени и наставата ќе започнува во 09:00 часот, а часовите ќе траат 30 минути. Градинките ќе работат вообичаено.

На територијата на општина Тетово запрена е наставата во сите средни и основни училишта до понеделник 3-ти февруари.

Во општина Делчево донесена е одлука во средното училиште “М.М - Брицо’’ и двете основни училишта “Ванчо Прќе’’ и “св. Климент Охридски’’ да не се одржува настава до 13-ти феруари.

Во општина М.Каменица СОУ “Миле Јаневски – Џингарот’’ и основното “св. Кирил и Методиј’’ на 6-ти и 7-ми февруари нема да се одржува настава, а во зависност од условите ќе се реши дали наставата ќе продолжи на ден 8-ми февруари.

Во општина Виница наставата во училиштата започнува во 08:00 часот наместо во 07:00 часот а часовите ќе бидат скратени за 10 минути. Оваа промена ќе се применува од денеска до 10-ти февруари.

На територијата на општина Струмица, поради врнежите од леден дожд и појавата на голомразица, денес часовите се со скратено работно време, а донесена е одлука учениците кои патуваат од населените места да не доаѓаат на настава во втора смена.

Советот на Гевгелија и Богданци донесе одлука училиштата да не работат на ден 7-ми и 8-ми февруари, а на територијата на општините Дојран и Василево училиштата нема да работат од 07-ми до 10-ти февруари.

Училиштата во општините Босилово и Ново Село ќе имаат скратени часови од по 15 минути а наставата ќе започнува од 08:30 часот.

Во општина Демир Хисар во текот на денешниот ден наставата во сите училишта се одвиваше редовно без прекини. Настава нема да се одржува на денеска и утре во ОУ Даме Груев с.Смилево.

Во општина Крушево Централното основно училиште „Никола Карев“ во Крушево одржуваше настава со скратени часови; училиштата во с.Врбоец, Саждево, Норово и Борино не одржуваа настава. Како што сме информирани од локалната самоуправа за наставата во утрешниот ден не се знае како ќе се одржува, во зависност од временските услови.

Во општина Струга настава не се одржува во  ОУ во селата Јабланица, Ликово, Нерези и Пискупштина. Во сите останати училишта часовите се скратени.

Во општина Зајас настава не се одржала во основните училишта во селата Зајас и Грешница.

Од Општина Велес известуваат дека од денес можно е скратување на часовите во училиштата во градот, а можно е наставата да се прекине во неколку училишта во повисоките села во зависност од висината на новопаднатиот снег

Makfax 

 

 

 

 

тагови:

Коментари

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.