Страшно: Четири дечиња бегалци се меѓу угушените во камионот

 

 

Полицијата во Унгарија упаси три лица кои се сметаат дека криумчарале мигранти. Лицата се виновни за смртта на 71 бегалци, а нивните тела се пронајдени во камион-ладилник на автопатот кај местото Парндорф во Австрија.

Според резултатите од истрагата, ладилникот од 7,5 тони, во раните утрински часови во средата тргнал за Будимпешата, а околу 9 часот пред пладне, бил на унгарско-австриска граница.

Во камионот имало 59 мажи, осум жени и четири деца, а едното девојче немало повеќе од две години.

Во четвртокот утрото, камионот е оставен на траката за застанување на автопатот А4 кај местото Парндорф во Австрија.

Во камионот, кој криумчарите го користеле за трансфер на илегалци, откако подолго време бил оставен на автопатот, проднајдени се 71 тело.

Инаку бегалците се угушиле за време на возењето.

 

 

Оцени ја веста

28.08.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа