Судење за Диво Насеље: Командант Соколи не чувствува вина

Судскиот процес за хоророт кој минатата година се случи во Дивата Населба во Куманово, продолжи денеска. На обвинителна клупа седна обвинетиот Сами Укшини кој изјави дека не се чувствува виновен.

Ушкими, инаку познат како Командант Соколи, пред сите на рочиштето денеска изјави дека не требало да и се предаде на полцијата, и дека не чувствува вина, бидејќи не командувал со групата, а единственото оружје кое го имал бил Калашников, АК–47.

За потсетување, хоророт се случи на 9 мај 2015 година, а во судир помеѓу полицијата на вооружена група во кумановската населба Диво насеље, загинаа осум полицајци и десет припадници на вооружената група.

 

 

 

 

 

17.02.2017 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа