Две сообраќајни несреќи утрово го разбудија Скопје и предизвикаа отежнување на сообраќајот.
Според податоците на Скопје Инфо, првата несреќа се случила на обиколница, кај Мирковци.
– Денеска (17.06.2026) во 05:40 во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, од Бутел кон Мирковци, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно и патничко возило, двете со скопски регистарски ознаки. Увидот е во тек, информираа од МВР за Скопје Инфо.
Втората сообраќајна незгода е регистрирана во населбата Аеродром.
– Денеска (17.06.2026) во 07:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл со скопски регистарски ознаки. Увидот е во тек, соопштија од полицијата за овој сообраќаен инцидент.

