Трагедија во Скопје: Паднал од дрво, починал на КАРИЛ

Маж на возраст од 87 години им подлегнал на тешките повреди синоќа по полноќ на КАРИЛ, откако претходно паднал од дрво.

Од полицијата информираат дека К.М. од Скопје вчера околу 15 часот бил донесен во Ургентниот центар откако паднал од дрво додека берел јаболки.

Поради тешките повреди К.М. починал по полноќ на КАРИЛ.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

 

 

 

14.11.2017 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа