Тракторите конечно тргнати: По 18 дена Евзони отворен за сообраќај

Граничниот премин Евзони деенска е прооден за сите видови на возила, а блокадата од трактори е отстранета, соопшти АМСМ.

Поради штрајк на грките земјоделци Евзони беше затворен за секаков вид сообраќај од 30-ти минатиот месец. 

На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица - Евзони,  нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските места, додека на осојничавите места коловозите се наместа влажни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

 

 

17.02.2017 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа