Трамп со порака до Американците: Да ги послушав научниците, сега ќе имавме земја во голема депресија (ВИДЕО)

Претседателските избори во САД ќе бидат одржани на 3-ти ноември, а кандидатите Доналд Трамп и Џо Бајден продолжуваат на секаков начин да се борат да ги освојат симпатиите на американското гласачко тело.

Актуелниот претседател Доналд Трамп е во поход по втор мандат, а според оцените на некои анкети, наводно заостанува за 17% зад Бајден. Еден од главните аргументи на кандидатот на Демократите за тоа зошто гласачите не треба да го дадат својот глас за Трамп е неговиот одговор на пандемијата на коронавирусот.

Меѓутоа, Трамп на митингот во Невада објасни дека иако во таа земја коронавирусот однесе 225 илјади животи, сепак тој не требало воопшто да ги слуша медицинските експерти, истакнувајќи дека во повеќе наврати нивните проценки биле контрадикторни и погрешни.

Тој дури ситуацијата во врска со “корона експертите” ја искористи како аргумент зошто луѓето не би требало да гласаат за Бајден, затоа што тој едноставно ќе ги послуша нив ако стане претседател.

„Ако гласате за Бајден, тој вашата работа ќе ѝ ја препушти на Кина. Ќе му ја предаде вашата иднина на вирусот. Ќе ве затвори дома“, изјави Трамп и додаде дека Бајден „ќе ги слуша научниците“.

„Да ги слушав научниците, веројатно сега ќе имавме земја во голема депресија. Наместо тоа, ние сме сега како ракетен брод, погледнете ги само нашите бројки“, изјави Трамп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега