Владата не го менува ставот - нема да расправа за случајот со Србија

Владата на денешната седница нема да расправа за дипломатскиот инцидент со Србија, откако беа повлечени нивните дипломати од земјава, поради како што  изјавија од српското раковдство „офанзивните разузнавачки активности во Македонија против Србија“.

Од Владата за „Мета“ велат дека случувањата со Србија не се на дневен ред на денешната седница, а нема да има ниту дополнителни реакции на тврдењата на Белград.

– Ставот на Владата е кажан вчера и остануваме на него – велат од Владата.

 „Блиц“, повикувајќи се на анонимни извори, денеска во своето печатено издание пишува дека српските дипломати во Скопје, без никаков повод биле следени, а биле применувани и методи на застрашување“. Дел од притисокот, пишува српскиот весник, бил со „одобрение на странците“.

 

 

 

22.08.2017 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа