ВМРО-ДПМНЕ: Народот одлучи, процесот на десоросоизација отпочнува

СДСМ и Сорос се најголемите душмани на независното новинарство и граѓанските иницијативи во Република Македонија, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и Сорос преку истурање грантови системски ги корумпираат новинарите и медиумите, создавајќи од нив полукорисни роботи кои без приговори ги извршуваат задачите кои им се даваат.

СДСМ и Сорос се гробари на т.н. граѓански сектор создавајќи мрежа на марионетски невладини организации кои се слепи послушници на наредбите кои ги добиваат со цел креирање тензии и зголемување на влијанието на Сорос во државата.

Оваа идентична шема на дејствување Сорос ја практикува насекаде низ светот. Граѓаните може со свои очи да ги видат оние кои протестираат деновиве против Доналд Трамп во САД извикувајќи „нема правда, нема мир“. Шемата е иста и е добро прочитана од сите.

Во Македонија ваквите соросови инсталации во корист на СДСМ преку деструктивната платеничка револуција направија штета од стотици илјади евра, повредија повеќе од 50 полицајци, демолираа државни институции и уништија споменици на културата и на македонскиот народ.

СДСМ и Сорос се посветени на мисијата за уништување на демократијата преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица, од диктатите на Бихаќка и идеите на Џорџ Сорос во изминативе 25 години.

СДСМ и Сорос се срам и елементарна непогода за Република Македонија.

На 11-ти декември народот јасно, одважно и прецизно и кажа „Не“ на целата деструкција во режија на аболицираниот криминалец Зоран Заев и соросовите инсталации во Македонија.

Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува.

 
 
15.01.2017 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа