Во кумановската фабрика со кран му ги притиснал нозете на колегата

Вчера  околу 11.30 часот во кругот на фабриката ФЗЦ „11-ти Октомври“, додека 48- годишниот В.С. од Куманово управувал кран и се движел по шините во кругот на фабриката, при поминување покрај метални конструкции, му  ги притиснал нозете на И.Ѓ.(32) од Куманово.

Имено, В.С. не забележал дека И.Ѓ. се качил на кранот и при поминување покрај металните конструкции во еден момент му ги притиснал нозете.

И.Ѓ. бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

 

 

 

21.05.2017 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа