Вучиќ шест часа разговараше со србите на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ, вчеравечер во Лапље село , во близина на Косовска Митровица шест часа разговараше за проблемите на Србите , кои живеат на Косово . Тие , во салата на домот на културата во селото , му се пожалија дека имаат егзистенцијални и безбедносни проблеми . Вучиќ им порача да останат храбри и силни и да се борат за својата земја и народ , за себе и за своите семејства .

Тој вчера положи и венец пред седиштето на партијата на убиениот лидер Оливер Ивановиќ и разговараше со неговите сопартијци .

Во меѓувреме , нема информации за нови сознанија за убиството на српскиот политичар . Министерот за внатрешни работи на Србија , Небојша Стефановиќ изјави дека се уште не почнала официјалната размена на разузнавачки податоци со Косово со цел побрзо решавање на случајот. 

 

 

 

 

21.01.2018 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа