Завршна конфереција за „Програма за (само)вработување на самохрани мајки"

 

Проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“, финансиран од Европската Унија, што се спроведуваше годинава во Скопје, Битола и Штип, денеска ќе биде заокружен со завршна конференција.

Програмата на проектот спроведуван од Бизнис конфедерација на Македонија, Здружението на бизнис жени и Институт за менаџмент поддршка, беше наменета за подготовка и унапредување на компетентноста на жените самохрани мајки на пазарот на труд.

Во рамки на проектот се реализираа обуки за развој на бизнис вештини, организирани во пет модули, како и вокациски обуки, како одговор на потребите на учесничките, но пред се во согласност со добиените сознанија, од компаниите вклучени во проектот, за потребните вештини, според нивна проценка, за компетитивност и подобра вработливост.

Вокациските обуки, беа за унапредување на компјутерските вештини,во Штип за базична компјутерска едукација, а во Скопје и Битола за напредни компјутерски познавања.

 

 

 

07.12.2017 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа