Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07

    28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми

    23.08.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов: Чадот во Скопје е од пожарот на Жеден, тетовски и скопски пожарникари се на терен
    • Полициска акција низ земјава: 10 возачи уапсени, меѓу нив и малолетници
    • Шасивари – Бримора: Продолжува поддршката за реформите во правосудството и владеењето на правото
    • СДСМ: Дизелот надмина 100 денари за литар, следува поскапување на храната
    • АХВ спречи увоз и уништи над 27,5 тони косовско млеко поради зголемен афлатоксин
    • Потврдени 44 случаи на западнонилска треска: Пет лица починаа, Клековски ги посети Инфективна и ИЈЗ
    • Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар
    • Силјановска Давкова се сретна со Славески: Економијата е стабилна, предложен е трет вицегувернер на Народната банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Здравјето е пред профитот“: Филипче ја обвини власта за бизнис интереси со рудникот во Крива Паланка

    „Здравјето е пред профитот“: Филипче ја обвини власта за бизнис интереси со рудникот во Крива Паланка

    23.04.2026 во 12:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нема да дозволиме здравјето на граѓаните во Крива Паланка, да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието.  Филипче посочи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на интересот на граѓаните, и тие имаат право да ја знаат вистината за рудникот во Кривопаланечкиот регион дека еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е донатор во ВМРО ДПМНЕ.

    „Каква врска има во какви односи сум јас лично и какви се тие двојни стандарди и двојни односи, едни за пред камери, а едни зад камерите. Е, тоа треба да објасни градоначалникот. Ние стоиме на страната на интересот на граѓаните. Има обврска градоначалникот кога станува збор за таков проект за кој што гледаме дека зад него стојат бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ, еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е донаторот во ВМРО ДПМНЕ, и тоа не е ништо чудно. Сè досега е поврзано со бизнис интересите на премиерот и на оваа владејачка гарнитура. Тоа се знае.  Секојдневно излегуваат информации“, рече Филипче.

    Воедно, Филипче порача дека СДСМ нема да дозволи здравјето на граѓаните да биде ставено во втор план и побара вклучување на јавноста во носењето на вакви одлуки.

    „Нема да дозволиме здравјето на граѓаните да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт. И тоа луѓето мора да го знаат. Што треба да дозволиме таков рудник во Кривопаланечко, без да се прашат граѓаните? Иима обврска градоначалникот без разлика од која партија дали од СДСМ, дали од ВМРО ДПМНЕ, без разлика, мора да ги праша граѓаните што мислат за еден таков проект. Не е бизнис интересот и финансискиот интерес пред здравјето на граѓаните, а посебно не е бизнис интересот на оваа корумпирана и криминална власт“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Ангелов: Чадот во Скопје е од пожарот на Жеден, тетовски и скопски пожарникари се на терен

    24.08.2026 во 15:48

    Полициска акција низ земјава: 10 возачи уапсени, меѓу нив и малолетници

    24.08.2026 во 15:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.