Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп

    11.06.2026 во 18:41

    ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

    11.06.2026 во 18:36

    Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг

    11.06.2026 во 18:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп
    • ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
    • Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
    • Муцунски утре ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
    • Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
    • Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
    • Во Владата состанок за реформската агенда
    • Сериозен пожарот во Штип: Едно лице е повредено – ер трактор гасне од воздух
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Здравјето е пред профитот“: Филипче ја обвини власта за бизнис интереси со рудникот во Крива Паланка

    „Здравјето е пред профитот“: Филипче ја обвини власта за бизнис интереси со рудникот во Крива Паланка

    23.04.2026 во 12:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нема да дозволиме здравјето на граѓаните во Крива Паланка, да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието.  Филипче посочи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на интересот на граѓаните, и тие имаат право да ја знаат вистината за рудникот во Кривопаланечкиот регион дека еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е донатор во ВМРО ДПМНЕ.

    „Каква врска има во какви односи сум јас лично и какви се тие двојни стандарди и двојни односи, едни за пред камери, а едни зад камерите. Е, тоа треба да објасни градоначалникот. Ние стоиме на страната на интересот на граѓаните. Има обврска градоначалникот кога станува збор за таков проект за кој што гледаме дека зад него стојат бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ, еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е донаторот во ВМРО ДПМНЕ, и тоа не е ништо чудно. Сè досега е поврзано со бизнис интересите на премиерот и на оваа владејачка гарнитура. Тоа се знае.  Секојдневно излегуваат информации“, рече Филипче.

    Воедно, Филипче порача дека СДСМ нема да дозволи здравјето на граѓаните да биде ставено во втор план и побара вклучување на јавноста во носењето на вакви одлуки.

    „Нема да дозволиме здравјето на граѓаните да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт. И тоа луѓето мора да го знаат. Што треба да дозволиме таков рудник во Кривопаланечко, без да се прашат граѓаните? Иима обврска градоначалникот без разлика од која партија дали од СДСМ, дали од ВМРО ДПМНЕ, без разлика, мора да ги праша граѓаните што мислат за еден таков проект. Не е бизнис интересот и финансискиот интерес пред здравјето на граѓаните, а посебно не е бизнис интересот на оваа корумпирана и криминална власт“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп

    11.06.2026 во 18:41

    ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

    11.06.2026 во 18:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.