Ужас во Конче: Малолетничка силувана повеќе пати од 49-годишен маж


Вчера во 17.25 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш лишиле од слобода 49 годишно лице од село во општина Конче.


 

Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот уапсениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

31.03.2024 - 14:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега