10 години затвор за специјалецот што уби момче за време на полициски час во Тирана

Судот во Тирана денеска осуди поранешен полицаец на десет години затвор за убиство на младо момче за време на патрола во време на полицискиот час, воведен поради пандемијата на коронавирусот иако обвнителството бараше двојно повисока казна.

 

Судот во Тирана го осуди Невалдо Хајдарај, поранешен припадник на албанската специјална единица „Шќипоња”, за „убиство со пречекурување на самоодбрана” на 8 декември 2020 година.

 

Тој беше осуден за убиство на 25-годишниот Клаудијан Раша за време на полицискиот час во населбата „Лапрак” во Тирана. Полицијата тогаш изјави дека Раша бегал и ги игнорирал повиците на полицијата да застане.

Хајдарај беше отпуштен од полицијата откако смртта на Раша предизвика една недела насилни протести, чии учесници ја прекршија забраната за јавни собири.

Протестите доведоа до оставка на министерот за полиција, Сандер Лешај, кој оставката ја обрзложи од морални причини.

На денешното, последно рочиште Хајдарај не зборуваше но неговиот адвокат побара извинување од семејството Раша.

Таткото на убиеното момче, Ќазим Раша, изјави дека ќе се обрати на повисоките судски инстанци за да побара правда за синот кој, како што рече,откако го убила полицијата, се обидела го прикаже како криминалец.

14.07.2021 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега